Денес роденден слави нашиот фудбалер Никола Ѓошевски

Никола Ѓошевски е роден на 1 април 1979 година. Тој е пензиониран македонски професионален фудбалер кој моментално работи како лиценциран ФИФА агент. Тој е сопственик и извршен директор на агенцијата за фудбалери, Sports Management Consulting.

Ѓошевски играше на позицијата лев бек, и во текот на својата кариера настапуваше за:


ФК Вардар Неготино (Република Македонија);
ФК Македонија Ѓорче Петров (Република Македонија);
ФК Силекс Кратово (Република Македонија);
ФК Работнички Скопје (Република Македонија);
ФК Вардар Скопје (Република Македонија);
ФК Спартак Москва (Русија);
ФК Ред Бул Салцбург (Австрија);
ФК Митјиланд (Данска);
ФК Етникос Пиреус (Грција);
ФК Родос (Грција);

По одличното лето во 2003 година и фантастичните игри со ФК Вардар кога клубот за малку ќе влезеше во групите на Лигата на шампионите, Ѓошевски стана капитен на ФК Вардар каде ја носеше капитенската лента во следните година и половина, се до неговото заминување во ФК Ред Бул Салцбург од Австрија во јануари 2005 година.


Ѓошевски е играч со најмногу настапи за репрезентацијата на Македонија до 21 година со повеќе од 25 одиграни натпревари.

По завршувањето на фудбалската кариера во ФК Родос (Грција), тој стана спортски директор во ФК Металург од Скопје. На таа позиција беше од јануари 2010 до август 2012 година обезбедувајќи му на клубот второто место во Лигата на Македонија 2 години по ред.


Од август 2012 година Ѓошевски започнува со својата успешна кариера како фудбалски агент. Агент е нашиот најдобар фудбалер во моментов Елиф Елмас.

Редакцијата на Екран му го честита роденденот на Никола и му посакува многу здравје и уште многу успеси на професионален план.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …