Сеќавање: на денешен ден во 2015 година не напушти нашата оперска певица и една од основоположниците на Македонската Опера и Балет Фанка Икономова


Икономова е родена на 6 мај 1920 година во Велико Трново, Бугарија. Таа беше македонска оперска певица – споран, уметник од првата генерација и еден од основоположниците на Македонската Опера и Балет.

Дипломирала на Софиската музичка академија во 1944 година. Солист во Операта на МНТ била во периодот од 1948 до 1975 година.


Дебитирала во 1948 година со улогата на Неда во операта Палјачи. Остварила повеќе од 30 улоги од кои позначајни се: Блонда (Грабнување од сарајот), Мизета (Боеми), Елизета (Таен брак), Марцелина (Фиделио), Ѓула (Еро од оној свет), Мица (Аналфабет), Џулиета (Хофманови приказни). Гостувала со ансамблите на Операта на МНТ во поголемите музички центри на поранешна Југославија и во Романија.

Починала во Скопје на 1 април 2015 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НОВИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД КЕЈТ И ВИЛИЈАМ ГО УРНАА ИНТЕРНЕТ – „Каква убавина и моќ“, НА ОВА МЕСТО прославија 14 години брак: Принцезата во ТЕСНИ ФАРМЕРКИ И ПРЕКРАСНА ЈАКНА стилизирана за десет

– Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се огласија по повод 14-годишнината од бракот – Целиот …