Денес просечен и сув зимски ден, промени од четврток!

Претпоследниот ден недела од оваа 2017. година ќе започне со нешто помала облачност, особено во југозападниот дел од земјата. Потоа претпладне од север се очекува ново, умерено наоблачување. Сончеви период ќе има повремено. Обланост повторно ќе се намали во текот на вечерта.
Ќе дува умерен северен ветер, особено долж текот на Вардар, како и во источниот регион.
Минималната температура насекаде ќе биде негативна и со вредности помеѓу -3°С и 0°С во поголем дел од населените места, додека на повисоките места вредностите ќе бидат помеѓу -5°С и -3°С.
Деот ќе биде нешто потопол во однос на сабота. Границите во кои ќе бидат вредностите на максималната ќе бидат помеѓу 6°С и 8°С во северниот и западниот регион, а долж југот на повардарето и југоисточниот крај помеѓу 7°С и 10°С.

Скопската котлина ја очекува промеливо време, односно мала до умерена облачност со подолги сончеви периоди. Температурата ќе има минимална вредност околу -2°С, а максимална вредност околу 8°С најавуваат од meteopro.mk .


Според најновите анализи на времето на само неколку денови од новогодишната ноќ ќе има промени.Поточно од четврток под влијание на циклон во нашата држава ќе има промена на временската состојба и врнежи кои на некои места ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ а оваа промена ќе биде проследена и со засилен јужен ветер а не се исклучува можноста и за ретки грмежи. На повисоките планини ќе има врнежи од снег а во четврток навечер како и во петок снег ќе има и на повисоките места а температурите на воздухот ќе бидат во опаѓање.
Сепак ова е како еден вид на најава а детална и нова анализа секако по потреба и обновена ќе има овие денови.
Според најновите анализи новогодишната ноќ сува и не премногу студена велат од meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …