Дали зимата малку ќе „попушти“? Еве што се најавува за наредните пет дена!

Зима, ладно, ниски температури, нема снег во населените места, но еве што најавува УХМР за наредните 5. дена:

Денес (вторник) претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови.Минимална температура: -4°C до 4°C.
Максимална температура: 0°C до 9°C.
За утре (среда) се најавува сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.Минимална температура: -11°C до -1°C. Максимална температура: 1°C до 9°C
Во четврток не очекува сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот во западните делови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта кон петок во западните и северните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде повремено ќе засилува. Минимална температура: -10°C до -2°C. Максимална температура: 4°C до 10°C.


This image has an empty alt attribute; its file name is zima-topla.jpg
Во петок ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, особено наутро и претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови од земјава, освен во централниот и долниот дел на Повардарието. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минимална температура: -5°C до 2°C. Максимална температура: -2°C до 4°C.
Во сабота не очекува сончево со умерена облачност, студено и ветровито. На места ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минимална температура: -9°C до -2°C. Максимална температура: -5°C до 2°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЗОШТО МАЖИТЕ ЖИВЕАТ ПОКРАТКО? Животниот век на жените е во просек пет години подолг

Во просек, мажите живеат неколку години помалку од жените – но не е познато зошто. …