Зимата почнува : Медитеранскиот циклон ни носи дожд и снег!

Услови за потенка снежна покривка има и на некои од населените места со надморска височина од над 500 метри…
Во текот на ноќта имаше повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места и на планините паѓаше снег…
Сежната граница има услови да се спушти и на местата со надморска височина од под 1000 метри.
Во текот на денешниот ден под влијание на Медитеранскиот циклон ОЛИВИЈА ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и снег и на некои од пониските места, има услови и за врнежи од влажен снег.


На повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, поинтензивни врнежи ќе има во јужната половина од државава каде локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог а на повисоките места и на планините ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка. Услови за потенка снежна покривка има и на некои од населените места со надморска височина од над 500 метри и тоа претежно на запад и на југозапад. Поради циклонот ОЛИВИЈА целата територија на државава ќе влезе во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2. до 10. степени.

подготви: Славчо Попоски


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …