ДА ЈА ПОКАЖЕМЕ ХУМАНОСТА – На едногодишниот Војдан му е потребна НАША ПОМОШ! Секоја донација е нов чекор за него!

За жал малиот Војдан Спасовски уште во својата прва година од животот се соочува со еден од најстрашните непријатели на денешницата – церебрална парализа.
Среќно и безгрижно детство без здравствени проблеми е желба на секој родител и згрижувач на секое дете. Малиот Војдан Спасовски уште во својата прва година од животот за жал се соочува со еден од најстрашните непријатели на денешницата – церебрална парализа.
На малиот Војдан му е потребна голема помош, затоа што секоја донација, без разлика колку голема, е нов чекор напред во неговата секојдневна борба.
Технологијата и модерните можности за неопходната интензивна рехабилитација и физикална терапија во Загреб, пропратени со редовни контроли и мултидисциплинарно следење на состојбата, константни вежби, како што е и наведено во препораката од „Поликлиниката за физикална медицина и рехабилитација“ од Загреб, се шансата Војдан да продолжи да го живее животот, којшто штотуку му започнува и којшто го заслужува како и секое друго дете.
This image has an empty alt attribute; its file name is pomos-za-vojdan.jpg
Да ја покажеме хуманоста и човечноста уште денес за овој мал борец, и да придонесеме и помогнеме заеднички со донирање за рехабилитацијата на Војдан, којашто се очекува да трае минимум една година, со препорачан почеток на 7. март 2022. година.
Кај заболените од церебрална парализа и оние кои се под голем ризик за развој на оваа болест, од огромна важност е со рехабилитацијата да се започне што порано со цел да се подобри состојбата и да се овозможи нормален живот.
Секој може да донира на неколку различни начини, преку повик на мобилен број, преку уплата на банкарска сметка, или преку GoFundMe платформата.
Броевите и трансакциските сметки за донации се следните:

А1 – 143 470


Телеком – 143 145

Достапни банкарски сметки за донирање:


IBAN – MK07280107101015332

SWIFT CODE – KRSKMK2Х


Трансакциска: 280107102128795

Активен линк за донација преку платформата GoFundMe – “Vojdan’s Cerebral Paralysis Healing Therapy” е на овој ЛИНК

#ГолемаПомошЗаМалиотВојдан

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Покровот на Пресвета Богородица

Покровот на Пресвета Богородица е важен христијански празник кој се обележува на 14. октомври по …