CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2022 во сабота од 12. – 17. во Парк на Франкофонија

Со особена чест Ве поканувам да бидете дел од првата манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2022, која ќе се оддржи во сабота 25.06.2022 год., во период од 12,00 ч. – 17,00 ч. во Парк на Франкофонија.

Идејата на оваа манифестација е да ја популаризираме мотоциклистичката култура, како и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот на луѓето во Македонија и регионот.


Главен акцент на оваа манифестација ќе биде спојувањето на уметноста и мото-културата односно на широката публика сакаме да и ја претставиме уметноста искажана преку мотоциклите и нивната индивидуална нота вметната од самите сопственици.

Програмата на манифестацијата за 25 Јуни 2022 г. ќе содржи Изложбен и Перформативен дел и дел со музички настапи на рок и блуз бендови.


12,00 ч. – 17,00 ч.

Изложба на најдобри примероци на мотоцикли (chopper, customized, cruiser, bobber, trucker, café racer, rat bike, rare, classic.) во секоја класа по неколку карактеристични примероци.


Изложба на фотографии, Мобилна/Монтажна галерија

13,00 ч. – 15,00 ч. Перформанси: Airbrush and pinstripe – изработка на уметнички дела односно цртежи на самите мотоцикли со помош на воздушен пиштол и посебни четки.

13,00 ч. – 17.00 ч. Музички дел: Настапи на блуз и рок бендови.

Манифестацијата е финансиски поддржана од Министерство за култура на РСМ и Општина Центар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Невин поминал 46 години во затвор, сега добива ОГРОМЕН НАДОМЕСТ НА ШТЕТАТА кој изнесува околу 83 долари дневно за секој ден кој Ивао Хакамада го поминал во затвор

Какамада бил осуден на смрт во 1968 година за убиствата на неговиот шеф, неговата сопруга …