„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата со книжевни студии „Низ лавиринтите на книжевното писмо“ на Ранко Младеноски.
Оваа книга содржи анализи и интерпретации на семиотичките лавиринти на книжевно-уметнички дела на автори од современата македонска книжевност и на две компаративни студии и два осврта за книги на странски автори. Тоа се анализи, толкувања и осврти на книжевни дела кои оставиле значајни траги во литературата и коишто предизвикале интерес кај книжевната критика и кај читателите. Повеќето трудови се посветени на познати македонски автори, како што се Блаже Конески, Славко Јаневски, Ташко Георгиевски, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Петре Бакевски, Георги Сталев, Радован П. Цветковски, Драги Михајловски, Венко Андоновски, но и неколку текстови за автори од помладите генерации. Дури пет анализи се посветени на творештвото на Блаже Конески („Поетскиот палимпсест на Блаже Конески“, „Рациновиот дух во стиховите на Блаже Конески“, „Хипотекстот во поезијата на Блаже Конески“, „Симболиката на синтаксичките тријади во песната `Црква` од Блаже Конески“ и „Поетскиот ораториум на Блаже Конески“). Книгата содржи и неколку трудови коишто претставуваат еманација на книжевните врски на македонската културна средина со други национални книжевности и култури, а во кои се интерпретираат книжевни и книжевно-научни дела на неколку автори – Михаил Булгаков, Горан Калоѓера, Стјепан Томаш и Етгар Керет.
Ранко Младеноски дипломирал, магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како новинар, уредник и лектор во повеќе весници, а бил уредник и во неколку книжевни списанија. Денес работи на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип како професор по книжевност во областите теорија на книжевноста и современа македонска книжевност и како главен и одговорен уредник на меѓународното научно списание „Палимпсест“ што го издава Филолошкиот факултет во Штип.
Младеноски е автор на неколку книги: две студии објавени во посебни книшки за романите „Две Марии“ од Славко Јаневски и „Црно семе“ од Ташко Гео¬р¬гиев¬ски од 2003 година; на книжевно-теориските и кри¬тич¬ки¬те книги „Чекајќи ја егзегезата“ (2005), „Книжевно-кри¬тички перцепции“ (2011), „Промоции“ (2013), „Декон¬струк¬ција на ликот“ (2014) и „Александар III Македонски во македонската книжевност“ (2016); на рецензираните скрипти „Наратологија“ (2012) и „Теорија на поезијата“ (2014), на рецензираните прирачници „Практикум по теорија на поезијата“ (2014) и „Практикум по нара¬то¬логија“ (2015), како и на универзитетскиот учебник „Теорија на книжевноста“ (2018); автор е на две збирки со краткка лирска проза (секвенци) и тоа „Омразенија“ во 2005 година и „Марионетки“ во 2011 година, како и на збирката раскази „Чуварот на тајната“ од 2008 година. Ко¬ав¬тор е на изборот од македонски раскази и поезија со на¬слов „Големиот скок“ од 2003 година, а и коавтор на учебници по Македонски јазик и литература за средно образование. Младеноски има објавено над 160 трудови (интерпретации, есеи и рецензии) во голем број списанија во земјава и во неколку балкански држави. Неговви песни, раскази и кратки прозни лирски тек¬сто¬ви се преведени и објавени во разни списанија на неколку словенски јазици.
Покрај тоа, Младеноски се занимава и со пре¬ве¬ду¬ва¬ње на кни¬жевни и на книжевно-историски дела. Од хр¬ватски на македонски јазик ги превел книгите „Браќата Миладиновци – легенда и ствар¬ност“ и „Хрватско-ма¬кедонски литературни врски“ од Горан Калоѓе¬ра, како и романите „Златоустиот“ од Стјепан Томаш, „Кра¬лица на ноќта“ од Јосип Цвениќ и „Небесни вело¬си¬пе¬дисти“ од Ирена Лукшиќ. Превел и голем број песни и раскази од бројни автори од српски, хрватски и бу¬гарски на македонски јазик, публикувани во списанија.