Чајот од ова растение е ЧИСТО ЗЛАТО: Може да го регулира нивото на шеќер во крвта, го зајакнува имунитетот, изобилува со витамини и минерали!

Потрудете се да испиете една чаша од овој напиток на ден
Копривата е богата со витамини, минерали и лековити супстанции. Ова растение е богато со калциум, фосфор, железо и силикатна киселина. Растението содржи витамини К, Б2 и пантенска киселина, затоа се смета за природен мултивитамин кој влијае на целото тело и го зајакнува имунитетот.
Листот од коприва може да ги ублажи ревматските проблеми и значително да ја намали болката при движење.


Пропишан е за внатрешна употреба како диуретик, бидејќи може да го зголеми отстранувањето на натриум и урична киселина.
Исто така, лабораториските тестови спроведени во Германија во 1999. година покажале дека лисјата од коприва имаат силно антиинфламаторно дејство. Копривата делува против дијареја и помага при хемороиди. Чајот се користи за плакнење на уринарниот тракт, но и превентивно при формирање на камења во бубрезите.



Исто така, се покажало дека чајот од коприва може да го намали нивото на шеќер во крвта, па затоа често се препорачува за дијабетичари. Исто така, го снабдува организмот со железо, така што има корисен ефект врз луѓето кои страдаат од анемија.
При надворешна употреба, копривата се користи за лекување на акни, егзема, мрсна кожа и првут.

Берење коприва
За јадење се користат варени листови и врвови на млади растенија, кои се собираат од крајот на февруари до мај, а понекогаш може да се најдат повторно во есенските месеци. Нежните врвови на растението со четири до шест лисја треба да се искинат со ракавици каде стеблото е сè уште меко. Коренот се бере во есен и пролет, а потоа се користи свеж или сушен.


Подготовка на чај од коприва
Потребно е:
2 лажички листови коприва
250 мл вода
Подготовка: свежи или суви листови од коприва полијте со топла вода, оставете покриено десетина минути и процедете.
Примена:
Пијте една чаша секој ден за ревматски болки, замор, анемија и губење на апетит.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …