КУЛТУРА

Денес се сеќаваме на нашиот истакнат драмски писател Антон Панов

Антон Панов е роден во Стар Дојран на 13 април 1906 година. Татко му бил ситен трговец на риба, но и активен учесник во Револуционерната Организација, која по илинденското востание е подложена на репресии, а нејзините членови биле затворани и испраќани на заточени. И таткото на Антон Панов Ѓуро ќе …

Повеќе »

Денес роденден слави актерката Даница Георгиевска

Даница Георгиевска е родена на 13 април 1967 година. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Љубиша Георгиевски во 1989 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 1998 година. Покрај исполнувањето на театарски и филмски улоги, …

Повеќе »

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките за претставата „Поблиску“

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките за претставата „Поблиску“, текст од Патрик Марбер, во режија на Кирил Петрески. Текстот и авторот првпат се поставува во прилепскиот театар. -Се работи за еден специфичен драмски текст кој што се занимава со односите на маж – жена и прави анализа на …

Повеќе »

Концерт на Мики Јовановски Џафер – 50 ГОДИНИ МУЗИЧКА КАРИЕРА

Во сабота на 13 април 2024 година во Public Room ќе се одржи јубилејниот концерт на Мики Јовановски Џафер – 50 ГОДИНИ МУЗИЧКА КАРИЕРА. Џафер е македонски рок музичар, брилијантен вокал, неуморен перфекционист, човек кој слуша и креира музика и кој остави траен белег на македонската музичка сцена. Во текот …

Повеќе »

На 14 април (недела), во 12 часот, во НУ Центар за култура Крива Паланка , ќе биде промовирана  автобиографската книга „Мојот сон” на д-р Џемиле Берат

На 14 април (недела), во 12 часот, во НУ Центар за култура Крива Паланка , ќе биде промовирана  автобиографската книга „Мојот сон” на д-р Џемиле Берат, псхијатар во пензија,  по потекло кривопаланчанка. Како прва Ромка од Македонија која завршила Медицински факултет, д-р  Џемиле Берат во својата  автобиографијата се осврнува на својот животен пат, предрасудите со кои се соочува, но и грижата, посветеноста и вербата во себе …

Повеќе »

На 12 април во НОБ, ќе се одржи ексклузивен концерт со оркестарот и солистите од Националната опера и балет

На 12 април со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет, ќе се одржи ексклузивен концерт со оркестарот и солистите од Националната опера и балет, во рамките на фестивалот „47. Денови на македонска музика“ 2024. На концертот, публиката ќе може да проследи дела од композиторите на кои им …

Повеќе »

Големо јавно судење на книгата за надреализмот „Птици во аквариум“

  На 15 април, понеделник, во 18 часот, во аулата на Филолошкиот факултет ќе се одржи големо јавно судење на книгата „Птици во аквариум; надреализам 1924 – 2024“, напишана и составена од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ, со предговор на Владимир Јанковски, а објавена од издавачката куќа „Полица“. Во судскиот …

Повеќе »

МСУ водич и матине

Музејот на Современа Уметност ве поканува на 13 април (сабота), во 12 часот, на МСУ водич и како пропратен настан матине дружење со диџеј сет на Дарко Јорданов. Со кустос водич Бојана Јанева ќе можете да ги погледнете двете новоотворени изложби: „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ …

Повеќе »

Целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“

Програмата на АКТО 19 „Јавни простори во движење (кон) II“ и платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ ве канат на целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“ Битола во сабота, на 13 април 2024 година, ќе биде музика. Музика од најубавите и извонредни млади македонски автори и изведувачи, чии квалитет и …

Повеќе »