Целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“

Програмата на АКТО 19 „Јавни простори во движење (кон) II“ и платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ ве канат на целодневен музички настан „Градот ме тера да пеам“

Битола во сабота, на 13 април 2024 година, ќе биде музика. Музика од најубавите и извонредни млади македонски автори и изведувачи, чии квалитет и творештво се јадрото на современата млада и урбана сила и култура. Младите кои Мирко Попов ги сакаше, почитуваше, поддржуваше и за кои континуирано се обидуваше да креира простор, можности и поттик за работа и афирмација. Во бројни соработки на Мирко со пријателите од Битола и со АКТО како долгогодишен придвижувач на современата мисла, уметност и култура, создаваа нови простори за презентација на музичката култура, следејќи ги будно младите и надоаѓачки сили, со кои во една интергенерациска нишка делеа сцени, искуство и соработка.


„Градот ме тера да пеам“ е една од овие соработки, која започна да се развива на почетокот на оваа година со цел Битола да биде обоена во музика, да ги да ги чуе во живо и да танцува на песните од младата генерација музичари и диџеи, претставници на современата македонска поп, рок, инструментална краут рок и електронска музичка сцена.

„Градот ме тера да пеам“ е песна на Мирко Попов и ПМГ Колектив, име на јубилејното 200-то издание на ПМГ Рекордингс-компилација на македонска музика селектирана од Мирко за која вели дека е „Приказна за убавите деца на овој град… убавите деца на оваа земја“, и име на 12-тото издание на фестивалот ПМГ Рекордингс во 2020 година.


„Градот ме тера да пеам“ е музички настан кој ќе се реализира оваа сабота на 13 април во Битола, за која Мирко милуваше да каже „Битола, втор роден крај“.

Во чест на Мирко Попов и македонската музика, дојдете во Битола заедно да танцуваме!


Програма:

  • 12:00-16:00 КАФЕ-БАР ЈАГОДА | Промоција на винил издание ПОП КУЛТУРА и DJ sets >> DIMCHUGA [WHY2K?] + KEKIKJ [MINT] + GLV [MINT]

Промоција на ПОП КУЛТУРА – прва винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари. Ова исклучително винил издание се реализира во рамки на платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ. Компилацијата опфаќа селекција на песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Audio Cigla, Mia Perevska, Dina Jashari, Andreja Salpe, Zee, Young Dadi, Matej Foltz и веќе признатиот музичар Slatkaristikа.

  • 22:00 – 05:00 КЛУБ ЈАГОДА | Концерти + DJ sets. Концерти: DIMITRA | THE LOCAL BLUES | ZANADU | POETRONIKA, DJ sets JOS | MARTINA PENEVA

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …