Драматичната опера „ПАЛЈАЧИ“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 23 ноември 2022 со почеток во 20.00 ч. Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата …
Повеќе »НОБ: ПРЕМИЕРА (19. ноември) – ПЕПЕЛАШКА на Сергеј Прокофјев: Современа бајка за сите возрасти
Најнова балетска продукција во Националната опера и балет! На 19 ноември со почеток во 19.00 часот за првпат на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти. Кореограф: Александар Илиќ (Србија) Костимограф: Катерина Радошевиќ Галиќ …
Повеќе »НОБ: Изведба на операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи на 11.11.2022
Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, ќе се изведе на 11 ноември со почеток во 20.00 ч.На сцената на Националната опера и балет ќе се изведе под диригентската палка на Иван …
Повеќе »НОБ: Изведба на балетската претстава „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“ на 5.11.2022
Во рамките на манифестцијата „Есенски музички свечености“ 2022 на сцената на Националната опера и балет на 5 ноември во 20.00 часот ќе се изведе атрактивната балетска претстава „ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“. Балет во 9 слики. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за …
Повеќе »НОБ: По повод Светскиот ден на балетот на 1.11.2022 изведба на балетската претстава „Рајмонда“ од Александар Глазунов
По повод Светскиот ден на балетот кој оваа година се одбележува на 2.11.2022, на сцената на Националната опера и балет на 1 ноември 2022 (вторник) со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе еден од бисерите на балетската уметност, раскошната балетска класика „Рајмонда“ од Александар Глазунов. Безвременски балет кој е …
Повеќе »Изведба на балетската претстава „Рајмонда“ од Александар Глазунов 29.10.2022 и 1.11.2022
Националната опера и балет, ви најавува двојна изведба на еден од бисерите на балетската уметност, раскошната балетска класика „Рајмонда“ од Александар Глазунов ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 29 октомври 2022 и на 1 ноември со почеток во 20.00 часот. Безвременски балет кој е израз …
Повеќе »Примадоната Милка Ефтимова за Светскиот ден на операта: „Оперската музика претставува најголемиот прозорец кон поубавото и попријатното!“
„Операта, како најкомплексна и најсложена уметничка форма се создава и се восприема само со љубов. Тогаш, состојбата на човековиот дух преминува во друга димензија, во која моќта на оперската уметност може негативната енергија да ја трансформира во позитивна, невозможното да го претвори во возможно и апстрактното да го направи конкретно. …
Повеќе »На сцената на Националната опера и балет на 21 октомври 2022 ќе се изведе „НОРМА“, ремек делото на Винченцо Белини
На сцената на Националната опера и балет на 21 октомври 2022 со почеток во 20.00 часот ќе се изведе една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература, ремек делото на Винченцо Белини, „НОРМА“. „Норма“ е трагична опера во два чина, најмногу се поврзува со магичната арија-молитва на Норма „Casta …
Повеќе »НОБ: Оперската претстава „РИТА“ од Гаетано Доницети на 21. септември
Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет, в среда на 21 септември со почеток во 20 часот. „Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен …
Повеќе »