БРАВО – Андријана Јаневска избрана за проект на Гинисовата книга на рекорди!

Велат тивка вода брег рони…, а таква е Андријана, си работи и не зборува многу…
Но, иако за гласовните квалитети (но и како човек) на Андријана Јаневска не треба да се говори бидејќи се општо познати и потврдени, секогаш радува кога некој од Македонија, овојпат Јаневска, ќе биде избрана за некој светски проект – во овој случај на Гинисовата книга на рекорди со песна во која ќе учествуваат најмногу пејачи од светот. Песната има наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach… Голема чест но и обврска за Андријана Јаневска, а за нас, македонците, ГОЛЕМА гордост…
„Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната“, објави на нејзината страна на Фејсбук Андријана Јаневска.


Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за…

Gepostet von Andrijana Janevska am Mittwoch, 23. September 2020


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …