НУЦК „Марко Цепенков“ – Годишната изложба на дела од членовите на Друштвото на ликовни уметници Прилеп

На 25.09.2020г. /петок/ од 20.00 часот во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена годишната изложба на дела од членовите на Друштвото на ликовни уметници – Прилеп.

Одржувајќи го континуитетот на неуморливата творечка креација, членовите на ДЛУП, (околу 20), ќе имаат можност  да го промовираат сопственото творештво на пошироката публика преку организацијата на Годишна изложба за 2020 година.


Страста за уметноста продолжува да живее во срцата на уметниците и покрај ситуацијата во која се наоѓаме. Секој од уметниците докажува како на свој начин преку своето дело и уметничка креација го поминува овој тежок период.

Притоа, на членовите – учесници на годинашната изложба имаат можност да се претстават со сопственото творештво изработено во различни техники, последователно во текот 2020 година.


-Во најтешките ситуации како што е оваа, каде што за да се одржува духот на човекот неопходно е да се присетиме на убавите  работи и моменти, со кој ќе го потхраниме духовниот порив и полесно ќе го надминеме овој период. Еден од тие начини е уметноста која ја создаваат Друштвото на Ликовни уметници на Прилеп.  Во ’’ тишина’’ ќе чуете и погледнете илјада зборови кои ќе ви раскажат преубави приказни за делата и за уметниците – вели Методи Исков , претседател на ДЛУП.


П.с. Изложбата ќе биде според сите протоколи за заштита од корона вирусот

Носење на маска

Задолжително мерење на температура

Дезинфекција на раце

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …