Денес со почеток во 19:00 часот во Занаетчиски дом во Куманово ќе може да го проследите омажот за нашиот познат композитор Кире Костов со наслов „Бранови во вечноста“.
Танцова визија на извонредната музика на нашиот драг професор Кире Костов, изведена од студентите од катедрата за балетска педагогија на ФМУ-Скопје и учениците од балетскиот оддел на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј, засилени со најмладите од студиото Аrabesque, Штип и Skill Factory, Куманово.
Бидете дел од пулсирачката енергија и не го пропуштајте овој незаборавен настап.