Денес се сеќаваме на нашата истакната актерка Сабина Ајрула-Тозија

Сабина Ајрула-Тозија е родена во Скопје на 17 април 1946 година. Таа беше истакната македонска актерка која работела во Драмскиот театар во Скопје.

Покрај во Драмскиот театар – Скопје, Ајрула – Тозија играше и во други театри низ Македонија, како и во независни театарски продукции.


Остави силен печат на македонската театарска сцена преку улогите во претставите Болва во уво од Жорж Фејдо, Гертруда во Хамлет од Шекспир, Дамите од Аламо од Пол Зиндел, Хекуба во Орест од Еврипид и многу други.

Повозрасната македонска публика ја памети во улогата на Фатиме во Солунски патрдии, телевизиска серија на Миле Попоски во режија на Коле Ангеловски снимена во 1985 година. Но и помладите генерации ја запознаа актерската игра на Ајрула-Тозија преку телевизиската серија Зоки Поки снимена по истоимената книга на писателката Оливера Николова. Во оваа серија, која почна со снимање во 2019 година, Ајрула Тозија преку ликот на баба Оле успеа да им се приближи и на младите генерации гледачи.


Ајрула Тозија глумеше и во многу македонски филмови снимени од крајот на шеесетите години, до неодамна. Меѓу првите филмови во кои глумеше македонската актерка е Време без војна, филм сниман во 1969 година. Во нејзиниот актерски опус се запишани и филмовите Црвениот коњ, Тетовирање, Ангели на отпад, Сенки и многу други.

Последните години Ајрула Тозија беше ангажирана во турската филмска индустрија. По улогата на Афифе Хатун во популарната турска серија Сулејман Величествениот, таа да играше и други улоги на тамошната сцена. Меѓу последните беше ТВ серијата Ескија каде го играше ликот на Хајрије Чакирбејли.


Почина во Скопје на 10 август 2021 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …