„КИЛИБАР И МЛАДОСТ“ – НОВА ПОЕТСКА КНИГА НА ГОРДАНА МИХАИЛОВА БОШНАКОСКА

Гордана Михаилова Бошнакоска, една од најмаркантните македонски
поетеси, во поетската едиција на „Макавеј“ ја објави новата поетска
збирка „Килибар и младост“. Оваа нова поетска обзнана на реномираната
поетеса е проследена со предговор на поетот и литературен критичар
Бранко Цветкоски и со поговор на писателот Гоце Смилевски.
Со оваа книга Гордана Михаилова Бошнакоска го продолжува успешниот
залет од претходната стихозбирка „Мед и младост“ со која најави
своевидна фигуративна бура во рамките на секогаш компактниот краток
простор на нејзината лирска песна.
Во предговорот на Цветкоски, меѓу другото, се потенцира:
– Во „Килибар и младост“ оваа ретка поетеса  нѝ се обраќа од
килибарниот светлосен свет на нејзината меморија и преку илузијата на
сонот, нѝ поставува на пребогатата лирска трпеза изобилство нестивнати
емоции, прележани мудрости просеани низ најситното сито на личното
векување и се збиднува фанкционален ментален смолест спој. Нема
дистанца меѓу појавното и сонуваното, растојанието е совладано,
лирскиот тон се опредметува и преминува во нашите прсти со
диктирачката имагинација – а ние, читајќи, само го продолжуваме
траењето на илузијата. Таков е овој маестрално стокмен удар на
Горданината лирска етида, како музика што ги збрала сите времиња, во
едно – во нашето, сегашното, единствено и миговно вечно време.“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …