Бендот „Шлиц“ со изведби од проектот „Диши љубов“ и сценско-музичкиот перформанс „Улица“

Во интимниот амбиент на „Кафе Литература“ („Дајмонд мол“), овој петок (19.04), со почеток во 21 часот, публиката ќе ужива во авторска музика, мешавина на рок и џез, на нашиот се-лектор Џијан, со текстови од Славко Јаневски и Тина Иванова.

Групата „Шлиц“, која ја предводи нашиот музички феномен Џијан Емин, ќе ја видиме во една поинаква светлина со сосема нов, автентичен и уникатен проект преку изведба на мешавина од арт рок и џез од мултимедијалниот проект „Диши љубов“, по текст на Тина Иванова, и сценско-музичкиот перформанс „Улица“ создаден на текст од Славко Јаневски.


„Диши љубов“ пее за љубовта, за Скопје, зборува за две суштински појави без кои човекот не би можел да опстои – воздухот и љубовта. Музиката и лириката ја поседуваат онаа скопска, носталгична звучна естетика и влече корени од музиката од осумдесеттите и особено од музиката од деведесеттите години на минатиот век создавана на американското и на британското музичко поднебје.

Настапуваат:
Џијан Емин – гитара и вокал
Драган Гиновски-Гино – гитара
Георги Шарески – гитара
Дарко Мучев-Мучо – бас-гитара
Гоце Стевковски – тапани


„Литература.мк“, во партнерство со радиото „Џез ФМ“, организираат низа музички настани, кои се одржуваат секој петок во „Кафе Литература“ во „Дајмонд мол“. Целта на овие концерти е на публиката да ѝ се овозможи квалитетно музичко искуство и да се поддржи развитокот на џез-културата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …