ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Очекуваме уште постудено време и нови обилни врнежи од дожд – На планините нов снег и снежна покривка

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Почитувани наши, пред нас е викенд а сите ние го планираме за релаксација, прошетка или скара. Па во продолжение погледнете ја нашата метео анализа за тоа какво време не очекува за време на викендот:


Продолжува променливото и нестабилно време во Македонија, а исто така ќе бидеме и под влијанието на значително постудената воздушна маса од север и од северозапад. Нови и на повеќе места обилни врнежи од дожд ќе има во недела. Локално ќе има појава и на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер.

За време на овој влажен бран, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л.м2). На планините и тоа особено во западните и во северозападните предели, и тоа со надморска височина од над 1200, 1300 метри ќе има врнежи од снег. Очекуваме да се формира и снежна покривка со висина од 10 до 15 cм, локално и до 20 cм na повисоките планини, додека на највисоките планини (над 2000 метри таа би можела да биде и поголема).


Во Скопје и околината исто така особено во недела ќе има нови врнежи од дожд, а во делови од котлината можна е и појава на нестабилност, проследена со грмежи и засилен јужен ветер.

Што се однесува до температурите, и покрај овој студен бран во ноќните и во утринските часови, и тоа поради константната облачност која ќе ја има на повеќе места низ Македонија не се очекуваат негативни температури и појава на мраз, што значи дека тие остануваат над нулата, со исклучок на планинските места каде тие ќе бидат негативни. Во ваква состојба, земјоделците и овоштарите да не стравуваат од појава на мраз.


Максималните дневни температури на воздухот за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, додека утре тие во најтоплите централни и југоисточни предели на кратко би можеле да се искачат и до околу 20 степени.

Во Скопје за време на овој викенд температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 14 и 17 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …