„Чернодрински се враќа дома“ – театарска претстава од млади за млади

Програмската активност насловена „ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ“ има цел на редовните ученици од нашето училиште за театар „Од игра до претстава“, како и во тесна соработка со другите сродни училишта од Скoпје и Македонија, да овозможи на сите млади таленти соодветен креативен театарски простор, каде ќе можат да ги покажат своите вештини, пред поширока публика.

Денес, со почеток во 18:30 часот во просториите на училиштето за театар „Од игра до претстава“, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Чернодрински се враќа дома“.


„Чернодрински се враќа дома“ од Горан Стефановски е претстава која директно и без никакви двоумења алармира кон нас луѓето да се вратиме на човечност, вистинските вредности, почитта, хуманоста и посветноста на еден кон друг. Во времето во кое што живееме, кое што со себе носи безбројни брзи и експресни решавања на најразлични ситуации, постојано ги забораваме основните човечки вредности и доблести. Забораваме кои сме, што сме, од каде сме, на кого сме… забораваме на сите вредни нешта што ни ги оставиле или пак оставаат. Исто така, овој драмски текст на Горан Стефановски е одличен пример за презентација на сето она што, учениците од возрасната група на училиштетот за театар „Од игра до претстава“, го работеа во измината година. Пливајќи од лавиринтот на најразлични сценски ситуации, младите актери ги спознаваа техниките и методите на градење лик, карактер во определена ситуација и односи меѓу ликови.

Играат:
Спасе ПАНЕВ
Луна ЈОВЧЕВСКА
Ангела ТАСЕСКА
Лео ГАЦОВ
Јана РИЛКОВА
Тео ГАЦОВ
Тамара ИЛИЕВА
Ведра ДИМОВА
Борјан ЗДРАВКОВСКИ
Ива Глигорова


Ментори:
Игор ИВКОВИЌ
Миодраг КОСТИЌ
Марина ПОП ПАНКОВА
Мето ЈАНАКИЕВСКИ

Цена на билет 200 денари. Продажба на билети: на денот на изведбата на претставата од 15:00 часот до почетокот на истата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …