„Авалон“ со соопштение за ОХРИД ПОВИКУВА!

НИЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ ДО 01-ви ЈУЛИ!

„Драги другари и другарки,
Наша должност е да ви дадеме место и прилика сета неискористена енергија и ентузијазам да ги преточите во едно музичко-визуелнo / светско прочистувачко искуство и да надполните за сето она кое го имате пропуштено овие неколку месеци…
А, за тоа нема поидеална прилика од петтиот јубилеен роденден на фестивалот OHRID CALLING!


На оваа чудна и тешка година и‘ возвраќаме со истовремено свеж и култен line up кој го сочинуваат 20 артисти, каков што им доликува не само на верните фанови и ветерани на фестивалот, туку и на оние кои годинава за прв пат ќе станат дел од оваа наша голема фамилија!
Во Охрид оваа година би требало да присуствуваме на:
спектакуларното шоу на Dimitri Vegas & Like Mike- number 1 world dj-еите за 2019-та и хедлајнери на сите најголеми светски фестивали, кои ја приредија најлудата и една од најпосетените вечери од нашиот фестивал во 2018-тата.
Тука е и холандското дуо W&W, препознатливо по совршениот прогресивен микс на EDM, house и trance.
Третиот ден пак, хедлајнерската позиција ја има Lost Frequencies, младиот дечко кој во самиот почеток на неговата кариера, во 2016-та гостуваше на OHRID CALLING, а сега веќе се смета за реномиран артист во електронската и фестивалската заедница, со вечно младите и актуелни хитови како Are You With Me, Reality и многу други…


Последниот, четврти ден го резервиравме за роденденска прослава каква што му доликува на OHRID CALLING племето. После неочекуваниот настап во 2018-тата година, токму ВИЕ баравте од нас можност да ја доживеете таа вечер уште еднаш… па, поради тоа, за петтиот роденден на OHRID CALLING одлучивме да ви ја исполниме желбата и да го донесеме и SALVATORE GANACCI, веројатно најголемиот showman кој се качил на сцената на OHRID CALLING и, поминувајќи ги сите граници на EDM-от и фестивалскиот перформанс, го приредил најавтентичното и дефинитивно најнезаборавното шоу.
Како ноќите би ни биле целовечерно квалитетно исполнети, се потрудивме за вас да ги донесеме и BLASTERJAXX, холандското big house и electro house дуо кое зад себе има број соработки со најголемите имиња на електронската сцена, како David Guetta, Tiesto, Hardwell, Afrojack …француското дуо OFENBACH, чиј хит Be Mine се најде на секоја радиска, фестивалска и летна плејлиста на континентов, харизматичниот австралијанец WILL SPARKS, познат по хитот Ah Yeah So What, италијското дуо- браќата VINAI, словенечкото дуо VANILLAZ и уште мноогу други…
Колку и да звучи сето ова во моментов како невозможна мисија, земајќи ја предвид моменталната ситуација со коронавирусот, одлучивме дека е добро сите заедно да фантазираме и да шириме оптимизам, кога веќе ништо друго не ни останува, стремејќи се и подготвувајќи се истиот оптимизам да стане реалност! Ние сме полни надеж и нема да влеземе во процес на откажување на фестивалот или пак префрлување на истиот за 2021 година се’ до 01 јули оваа година.
Доколку се исполнат нашите очекувања и фестивалот сепак се одржи, сите детали околу влезниците ќе бидат објавени на 01-ви јули.
Па така, зачувајте си ги деновите од 31ви јули – 3ти август затоа што, можеби токму тогаш, со OHRID CALLING, сите присутни ќе се соединиме и ќе ја смениме насоката на оваа досега тажна година!
Нека на OHRID CALLING 2020 се испијат сите неиспиени пијачки и изиграат сите неизиграни забави!
Одиме понатаму,Авалон Продукција“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …