„Авалон“ го најавува најголемиот концерт на Владо Јаневски !

Авалон Продукција и Владо Јаневски,после пауза од повеќе од десет години, ја обновија својата соработка .
Како резултат на тоа, го најаваат и најголемиот концерт на Владо Јаневски во неговата кариера, којшто ќе се случи на 01. јуни, на стадионот на АРМ.
Концертот е по повод 25. години од соло кариерата на Владо Јаневски која започна со песната „Црно Тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија.
Се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 фанови на Владо Јаневски од цела Македонија кои ќе присуствуваат на одбележувањето на јубилејот од 25. години.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС, по следниве цени:
500 ден ПАРТЕР
800 ден ФАН ПИТ (само 1.000 влезници)
1.000 ден ВИП
Во продажба ќе биде пуштен и одреден контингент на ВИП пакети кои ќе може да се резервираат телефонски на 078/365-245 (секој работен ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …