Ацо Пејовиќ: Тоше Проески е еден и единствен, после него сите се плашат да направат нешто

Неговото име и презиме се поим за успех, пример за остварување на својот сон, но и доказ дека оние 5 минути во животот не чекаат сите нас, доказ дека среќата трае исто толку, а ако успееме да ја препознаеме и задржиме, доаѓаме до она кон што сите копнееме – задоволство и мир. Ацо Пејовиќ тоа на време го сфати. Неговиот живот е далеку од совршен, но тој успева работите да ги прифати на вистински начин. Не е еден од оние кои себе си во медиумите ќе се претставува како голема ѕвезда чиј што живот е идеален. Не. Тој со себе носи порази и тага, разделби и болка, но и огромни успеси за кои отворено зборува.

.Години подоцна и понатаму со насмевка на лицето, но со големо искуство, драгоцени вредности и приоритети во животот, повторно накратко прелета преку некои спомени со желба повторно да ја собере публиката и да ја потсети на некои времиња, емоции и песни. А тоа ќе го направи на 23-ти декември во „Арена Борис Трајковски”.Да, добро прочитавте. Ацо Пејовиќ доаѓа повторно во Скопје, традиционално, со голем предновогодишен концерт.


Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ” тој зборуваше за концертот и додаде дека многу се радува на истиот. Дел од разговорот, освен на концертот, беше посветен и на Тоше Проески, каде што Ацо кажа дека тој е еден и единствен и дека многумина се плашат да го постигнат неговиот успех.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува XXIV издание на „Неделата на италијанскиот филм“ во Кинотека на Македонија

Од 13 до 18 мај во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи XXIV …