Како што темата за зачувување на животната средина наидува на се’ поголема популарност, во нашата земја се зголемува свеста за екологија, одржливост и зачувување на природата, како и за севкупната општествена одговорност. Помеѓу двигателите на овој тренд се домашните компании, од кои се очекува да бидат морални и етички примери за останатите, а токму таква е Атлантик Група– компанија која своите високи еколошки и општествено одговорни стандарди ги наметнува на целата производна индустрија.
Атлантик Групапокажува високо ниво на општествена одговорност во сите аспекти од работењето. Најпрво, према општеството, во кое ги промовира вистинските вредности и постојано одвојува дел од профитот за да и’ врати на заедницата во која функционира. Потоа, према вработените, кои имаат пристап до интерни програми за поттикнување на едукацијата и развојот, со цел тие да напредуваат во своите кариери. И последно, но не и помалку важно, кон околината – делувајќи локално, но размислувајќи глобално за ефектот кој ќе го донесат промените за одржување на здрава и чиста животна средина.
„Како дел од пошироката заедница во која функционира, Атлантик Група е свесна за значајноста и потребата од сопственото влијание во подобрување на општествените услови, промовирајќи вистински вредности и финално вложување на средства назад кон заедницата. Одржливото управување со животната средина се заснова на добро осмислена и економична употреба на природните ресурси, употреба на еколошки технологии и намалување на отпадот, со изнаоѓање на најдобри решенија за рециклирање. Целта е секоја година да се намалува вкупната количина на отпад, така што во 2019 година ние ја намаливме количината на отпад за околу 20%, споредено со претходната година.“, вели Перица Вичишки, Директор на Атлантик ГрупаСкопје.
Покрај имлементирање на највисоките интернационални стандарди за безбедност и производство, Атлантик Група продолжи да презема мерки за рециклирање на амбалажите од хартија и пластика преку мрежата на „Пакомак“, друштвото за собирање и одложување на амбалажен отпад.
„Да се биде дел од системот на Пакомак подразбира прифаќање на одговорноста за зачувување на животната средина и висока еколошка свест на секоја компанија членка на системот. Пакомак традиционално ги остварува националните цели, континуирано инвестира во комунална инфраструктура и реализира едукативни кампањи за подигнување на еколошката свест кај јавноста. Во досегашното работење преку системот на Пакомак се собраа и преработија преку 50.000 тони амбалажен отпад, којшто се состои од хартија, пластика, стакло, композит, метал и дрво“,вели Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.
Постојано се предупредува за опасностите од глобалното затоплување и климатските промени, а токму општествената одговорност се гледа како одговор не само за намалување на штетите, туку и за нивна превенција. Поради тоа, Атлантик Група се надева дека ќе постави пример и за другите компании од регионот, со цел да ја подигне свеста за рециклирањето, одржливоста и грижата за околината. Благодарение на мрежата на Пакомак, Атлантик Група успешно го одложува амбалажниот отпад и создава услови за посакуваната зелена иднина.