АРКТИЧКИ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: До крајот на седмицава ќе имаме исклучително студено време – Се очекуваат температури до околу -15 степени!

Метео прогноза на Славчо Попоски

До крајот на оваа седмица ќе имаме исклучително ладно време, со потпросечни температури за јануари месец, но снегот ќе биде во вид на локално и послабо провејување. Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места ќе се спуштаат до околу -10 степени, ќе има делови од Македонија каде температурите ќе се спуштаат под -10 степени, па дури и до околу -15 степени.


Преку ден температурите исто така ќе бидат многу ниски и на повеќе места ќе се спуштаат до околу или само за некој степен над нулата, а во делови од Македонија ќе има температури кои и преку ден ќе бидат негативни, односно под нулата. На планините и на Скијачките центри температурите постојанао ќе бидат под нулата.

На Метеоролошката карта може да видиме дека поголем дел од Европа, како и и целиот Балкан, секако вклучувајќи ја и Македонија до крајот на оваа седмица ќе имаат многу ладно време, односно постојано ќе бидеме под влијание на многу ладен воздух кој се спушта од север, односно од Арктикот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Силвестер, eпископ Римски

Свети Силвестер, eпископ Римски Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги …