АНТИЦИКЛОН “ЗЕВС”: Во Македонија ќе донесе суво време, многу ниски утрински, и повисоки дневни температури!

Моќниот антициклон “Зевс” во Македонија во новата седмица пред нас ќе донесе суво време, а исто така ќе има и се повеќе сонце. Повремено, особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец, информира Попоски.

Поради ведрите ноќи и утра температурите наутро ќе бидат се пониски и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, понекаде тие ќе се спуштат и под -10 степени, со што на повеќе места ќе има појава на силен утрински мраз.


Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени, а кон крајот на работната седмица и за време на следниот викенд тие ќе бележат тенденција на понатамошен пораст.

Во Скопопје и околината ќе имаме слично време. Стабилно и суво со се повеќе сонце. Повремено ќе засилува ветерот од северен правец. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -5 и -1 степен, а максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 6 и 8 степени.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Воспитувачи, психолози, педагози, дефектолози како и родители учеа од д-р Ранко Рајовиќ за техниките за …