Актерот Том Сајзмор итно пренесен во болница: Во критична состојба е на одделението за интензивна нега

Актерот Том Сајзмор итно бил пренесен во болница во Лос Анџелес каде се бори за живот.
Како што изјавил менаџерот на актерот, Чарлс Лаго, за TMZ, Том бил во својот дом во Л.А. кога се онесвестил поради аневризма на мозокот.
Сè уште не е познато кој го пронашол актерот во несвест, но итната помош брзо пристигнала во неговиот дом и го пренела во локалната болница.

View this post on Instagram

A post shared by Tom Sizemore (@tom.sizemore)


Според странските медиуми, Том е критичен и се наоѓа на одделението за интензивна нега.
„Тоа е лошо, не знаеме дали тој ќе може целосно да се опорави од ова“, рекол менаџерот Лаго.
Со текот на годините, Том имаше бројни проблеми со употребата на дрога и кршењето на законот. Тој е уапсен поради семејно насилство и поседување „контролирани“ супстанци.


View this post on Instagram

A post shared by Tom Sizemore (@tom.sizemore)


Тој е најпознат по неговите улоги во Saving Private Ryan, Black Hawk Down, Born to Kill и The Heat.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„ЧОВЕКУ, КОЛКУ ОДВРАТНО“: Поранешниот цимер го разоткрил Бред Пит – тврди дека имал проблем со хигиената

Бред Пит е холивудската ѕвезда по која копнеат жените ширум светот, а неговиот поранешен цимер …