(ФОТО) ПРЕПОЗНАТЛИВА ПО УБАВИНАТА – Ева Лонгорија фатена во лежерно издание: Еве како изгледа 47-годишната актерка без шминка

Американската актерка Ева Лонгорија е фотографирана додека пазарела и шетала на Беверли Хилс без шминка на лицето, а поради ваквиот природен изглед заработила бројни комплименти.
Ева Лонгорија оваа недела била забележана како се шета на Беверли Хилс, а фотографите славната актерка „ја фатиле“ без шминка. Имено, 47-годишната актерка е фотографирана во природен и прилично лежерен стил, а облекла целосно бела облека.
Ова издание вклучуваше ребрест џемпер со копчиња, бела полуролка, широки бели панталони и бели патики.


Лонгорија била забележана како се шета низ трговскиот центар, а за природното издание заработи голем број комплименти. Актерката моментално се подготвува за премиерата на Flamin’ Hot, нејзиното претстојно режисерско деби.
„Мислам дека имав толку многу да докажам и навистина го прифатив предизвикот во секој поглед“, рекла таа за нејзината вклученост во филмот.

This image has an empty alt attribute; its file name is eva-longorija-bez-sminka-1-683x1024.jpg


Лонгорија продолжила велејќи дека сака да послужи како инспирација за секој што сака да започне кариера како режисер.
„Flamin’ Hot“ официјално ќе биде објавен на 9 јуни на платформата Hulu по премиерата на 11 март на овогодинешниот фестивал South by Southwest.
Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Министерството за здравсто ги објави имињата на прерано изгубените животи

Не постои збор со кои можеме да се искаже болката и тагата која ја чувствуваме …