Актерката Билјана Беличанец пронајдена мртва: Познати причините за смртта!

Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во нејзиниот дом, потврдуваат од МВР.
„Неофицијално, од извори на истрагата дознаваме дека е најдена обесена во бања во стан во центарот на Скопје. Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40“, објави порталот Сакам да кажам (СДК.мк).

Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40.


Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје.


Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.

Беличанец беше градоначалничка на општина Кисела Вода од 2013 до 2017.


Има две деца од првиот брак. Неодамна втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски.
Имаше неполни 46 години. Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.
Добитник е на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево 2000 година. Во 2009 година ја добила наградтаа за главна женска улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“.
Добитник на признанието „Мајка Тереза“ во 2012. година.
Посебно забележана во јавноста е по синхронизацијата на македонски на некои турски серии, а народот и даде прекар „Хурем“, по синхронизацијата на ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд-ап шоуто на Зоран Донев – „Живот крај гробишта” утревечер во Бруталиск

Утревечер во Бруталиск, со почеток во 20:00 часот ќе може да го погледнете стенд-ап шоуто …