Нашата популарна пејачка отсекогаш важела за некој кој се грижи што јаде и се труди тоа да биде што поздраво…
Иако нејзината вита става би ве навела дека Елена не јаде леб, таа не само што го јаде туку и сама го подготвува дома.
Ова е нејзиниот рецепт за здрав домашен леб
Потребно е:
500 г пченица
интергрално брашно
сол
семки од тиква, лен, сончоглед, сусам
квасец
Подготовка: пченицата треба три дена да стои во вода која се менува секој ден. Потоа се става во блендер, со водата и убаво се иситнува. Во длабок сад се става пченицата, свеж квасец и интегрално брашно. Се меси, и се додава сол и од семињата. Убаво измесеното тесто се остава еден час да стасува.Потоа се обликува во лепчиња и се става во тава покриена со хартија за печење. Лепчињата се печат околу 20 – 25 минути во рерна загреана на 200 степени.
Од оваа доза Елена пече три лепчиња иако напоменува дека ако сакате помали може и 4 или повеќе…
(ФОТО) Здрав домашен леб на Елена Петреска!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.