(ФОТО) Папата Франциск доби подарок и од премиерот: Еве што му подари Заев!

Македонскиот премиер Зоран Заев на папата Франциско му подари реплика од теракотна икона од 6 или 7 век, од археолошкиот локалитет Виничко Кале. На иконата е аплициран Победничкиот крст на Византискиот император Константин кој го легализирал христијанството со Миланскиот едикт од 313 година.

„Огромна е честа, моја и на сите граѓани на нашата земја, што Папата Франциск денеска испрати пораки кон светот за добробит на Северна Македонија.


На испраќањето, на Папата Франциск му подарив
реплика од теракотна икона од археолошкиот локалитет Виничко Кале. На иконата е аплициран Победничкиот крст на Византискиот император Константин кој го легализирал Христијанството со Миланскиот Едикт од 313 година.

Се надевам на нови средби на Папата Франциск со нашите граѓани, наскоро“, напиша премиерот на Фејсбук.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …