Гоце Златев ги освои срцата на публиката во градот на музиката, Виена

Гоце Златев е млад пијанист роден 2006 година. Основното музичко образование го започнува во Штип на осум годишна возраст во класата на Проф. Гоце Костадинов, а од 2017 година учи во Скопје во ДМБУЦ ” Илија Николовски – Луј” во класата на Проф. Д-р Славица Мицовска- Смилевска. Во текот на своето музичко образование учествува на повеќе Државни и Меѓународни натпревари и добитник е на многу награди.

Виена, градот на музиката, минатиот викенд беше побогат за уште еден концерт, овојпат од Лујовецот Гоце Златев кој со својот талент, одлична техника, изразита музикалност и темперамент ги освои срцата на публиката, а професорката ја направи неизмерно горда на својот ученик.


Секако целото немаше да биде се, ако не беа посетени дел од знаменитостите на Виена и секако Musikverein и Виенските филхармоничари под диригентската палка на маестро Zubin Mehta и Martha Argerich како солист!!! Ова се денови за паметење, објави професорката Мицовска-Смилевска!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈАВА ЗА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: За време на викендот температурите ќе надминат 30 степени, но стабилно ќе биде само во петок и во сабота, потоа невреме

Под влијание на умерен топол бран од Африка, од петок, а особено за време на …