Интервју со скопскиот бенд The Ooz: пријатно сме изненадени од темпото со кое се развиваме на македонската музичка сцена

The Ooz е млад бенд од Скопје кој е оформен во 2022 година, коj полека но сигурно си го зазема своето место на македонската алтернативна сцена. Неодамна настапија на фестивалот Земјотрес, а во петок, на 29 март ќе може да ги видите и слушнете во клубот Станица 26 како пред група на трибјут бендот на Pearl Jam – Epidemik. Во меѓувреме прочитајте што имаат да кажат момците од The Ooz.

Како се запознавте и како дојде до тоа да го формирате The Ooz?


  • Сите 4ца сме од исто друштво, бендот го оформивме со цел да ги сплотиме нашите музички идеии и цели.

Кои се членовите на The ooz, и што се крие зад името на вашиот бенд?

  • Членови се Петар Марковиќ на гитара, Марко Вилиќ на гитара, Андреј Игњатовски на бас гитара и Симон Палитов на тапани. За името добивме инспирација од албумот “The Ooz” од еден од нашите омилени артисти, King Krule

Што слушате во слободно време, кои се вашите омилени бендови и дали тие имаат влијание врз музиката што ја креирате?


  • Во последно време слушаме и црпиме инспиравија од Idles, Shame, All them witches, Kinski.

Вашата прва свирка беше во СЦ Дуња, како помина и што би издвоиле од овој ваш прв настап?

  • Првата свирка ни помина похаотично од посакуваното. Би ја издвоиле енергијата која ја создаде публиката.

Го издадовте своето прво ЕП „Sub Human“, имавте доста настапи вклучувајќи го и настапот на Земјотрес. Како сте задоволни од досегашниот тек на вашето музичко постоење?


  • Искрено сме пријатно изненадени од темпото со кое се развиваме на македонската музичка сцена, благодарејќи на сите што не подржуваат.

Кои се вашите амбиции на сцената, каде се гледате понатаму како бенд и што сакате да постигнете?

  • Моментално работиме спонтано, оставаме работите да се одвиваат природно. Во иднина се гледаме како бенд што ќе остави уникатен впечат на музичката сцена.

Што мислите за моменталната алтернативна сцена?

  • Последниов период имаше можност да се слушнат доста нови и уникатни музички проекти на повеќе различни настани, така што сметаме дека сме на добар пат кон квалитетна алтернативна сцена.

Дали во Скопје има доволно настани и простор за промовирање на младите бендови како вашиот?

  • Настани има, но сепак потребни се клубови коишто би организирале свирки и настани на по краток временски период, што би придонело до повеќе шанси за малите и не толку истакнати бендови.

На 29 март ќе настапувате во Станица 26, како предгрупа на Epidemic, трибјут бендот на Pearl Jam, интересен настан и убава можност да се претставите пред пошироката публика. Што да очекува публиката таа вечер, што подготвувате? Колку е во план да трае вашиот настап? Што планирате да изведете таа вечер?

  • Планираме да имаме квалитетен настап и да ја загрееме публиката за Epidemic, а за што спремаме, ќе треба да дојдете и да слушнете.

Првата година од постоењето на бендот беше доста успешна. Дали планирате да продолжите со исто темпо?

  • Шансите кој ни беа пружени последниот период дополнително не мотивираа да се фокусираме на спремање и издавање на првиот албум.

Што да очекуваме ново од The Ozz?

  • Првично сакаме да издадеме уште едно EP, и следен чекор е издавање на студиски албум.

The Ooz ве очекуваат во петок, а картите за настанот можете да ги набавите на следниов линк: https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=401

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на полското дуо Siksa во Котур

Вечерва, со почеток во 21:30 часот, во Котур, ќе може да го проследите концертот на …