TDFU Presents: 10 Years For The Culture – Деценија на трап забави во Македонија

На 23 март, сабота, во Лабораториум (Скопје) се случува настанот TDFU Presents: 10 Years For The Culture. Настанот е организиран од пионерите на трап сцената во Македонија – Trap Da Fuck Up (TDFUи е посветен на сите љубители на оваа музика, кои во последните десет години беа дел од растот и развојот на оваа култура. Ги покануваме фановите на модерниот хип-хоп звук да ни се придружат на забавата и заедно да прославиме една деценија трап настани во Македонија.

Подгответе се за 10 часовен настан за 10 години постоење на TDFU, исполнет со настапи од македонски DJ-и. TDFU Presents: 10 Years For The Culture” не е само прослава на музиката, туку и платформа за споделување на креативноста и зајакнувањето на заедницата која го поддржа овој жанр низ годините.


Влезот на настанот е бесплатен, но секој присутен се охрабрува да остави донација од симболични 10 денари за поддршка на 10-те години работа на овој колектив. Почетокот е закажан за 15:00, а настанот трае до 01:00.

За повеќе информации за настанот и учесниците, следете ги нашите социјални мрежи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Нов “дијамант” на македонската кошарка

На 11 и 12 Мај во Велес се одржа завршниот турнир во кошаркарската М12 лига …