Денеска започнуваат Велигденски пости – строго без масло од понеделник до петок, освен сабота и недела кога се пости со масло. Два дена во текот на овој пост се јаде риба

Велигденски пости

Овој пост е посветен за подготовка и во чест и спомен на Воскресението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Христос воскресна од мртвите и со Неговата смрт смртта ја уништи, а со Него и сите нас кои веруваме и одиме по Него нe совоскрена за да наследиме воскресение и живот вечен. Оваа зададеност Бог му ја дал на човекот уште во рајот, при што требало да исполни само една заповед: да се воздржува, т.е. да пости. Ако постот му бил потребен на човекот во рајот за да дојде до целта, тогаш уште повеќе му е потребен во оваа земја на отуѓеност и богоотстапништво. Вистинскиот пост во себе ги содржи и сите добродетели: покајанието, смирението, милосрдието, телесниот подвиг, а пред сe, молитвата. Постот без молитвата и останатите добродетели е само една обична физичка дисциплина, диета, па дури и суета и прелест.


Постот е добродетел на Црквата, па според тоа има и соборни димензии, односно постиме и се подвизуваме не само за себе, туку и за сите други. Овој пост се пости строго без масло од понеделник до петок, освен сабота и недела кога се пости со масло. Два дена во текот на овој пост се јаде риба – на Благовештение и на Цветници, и тоа во зависност кога ќе се паднат. Првите три дена од постот монасите и поревносните христијани во светот држат тримир.

Тоа е тридневен пост во целосно воздржување од јадење и пиење. Светите отци решиле овој пост да трае 40 дена како што постел Господ Исус Христос, и уште една недела, како тажна седмица, од влегувањето на Христос во Ерусалим сe до Воскресение. По Велигден е Светлата седмица и во таа седмица не се пости, а секој ден се оди во црква на Литургија. Треба да нагласиме дека начинот на постење опишан погоре е општо правило на Црквата, а секому му се одредува неговото лично правило со благослов на духовниот отец.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …