Македонскиот фолклор остана без уште една почитувана пејачка: Која беше Атина Апостолова?!

Македонската пејачка на народни песни Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, дипломира на Економскиот факултет во Скопје. Таа беше македонска пејачка на народна музика. Позната е по песните Запејте мераклии, Цела вечер ќе ти пејам, Верувај ми, Усни румени, Те видов, и се заљубив, Иле Илија и многу други. Таа имала турнеји во Австралија, Канада и Америка. Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски. Има одлична соработка со: Ванчо Тарабунов, Ефто Пупиновски и Милан Завков. Во својата долгогодишна кариера има испеано неколку дуети со: Ванчо Тарабунов (Верувај ми) и Ефто Пупиновски (Скопските боеми). Во 2023 година на Фестивалот “Тумба Фест” Куманово ја добива наградата за животно дело.

Со пеење се занимавала уште од најраната младост. Татко ѝ ја запишал во музичко училиште кога имала пет години и таму учела да свири клавир до четврто одделение. Нејзиниот прв настап бил во тинејџерските години во емисијата „Микрофонот е ваш” каде што го освоила првото место со песната „Не си го продавај, Кољо, чифликот”.


Снимила четири касети од кои три биле снимени во Белград, а една во Македонската радио телевизија. Соработувала со авторите Ванчо Тарабунов, Милан Зафков, Никола Митровиќ, Орце Зафировски, Радмила Митровиќ и Огнен Неделковски.

Како што пренесуваат дел од медиумите таа починала изненадно и во овој момент во нејзиниот дом има присуство на полиција и брза помош.


Инаку направила и операција на срцето, но се поминало во најдобар ред.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …