Драматичната опера „Палјачи“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари

Драматичната опера „Палјачи“ од  италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 7 февруари со почеток во 20.00 ч.

Ремек-делото на веризмот, приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“  на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола Булески, концерт – мајстор е Јане Бакевски, хор – мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.


Настапува домашна солистичка екипа: во улогата на Канио/Палјачо ќе настапи Зоран Сотиров,  во улогата на  Неда, Дешира Амети Крлиу, во улогата на Тонио ќе настапи Марјан Јованоски, во улогата на Силвио, Драган Ампов, а во улогата на Арлекин, Дејан Стоев  во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОБЈАВЕНА ПРОГРАМАТА НА ЧЕТВРТИОТ СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни …