Додека метев во ГТЦ си замислував дека имам концерт во Филхармонија

Зарина Првасевда во серијалот ТВ Такси 28 раскажува за патот до успехот.

„Тешко е несомненено затоа што ние сме мала држава, затоа што се уште не би рекла дека артистот го препознаваме на вистинкиот начин и како публика, но и како некаква институционална поддршка и поткрепа”, вели Зарина Првасевда истакнувајќи дека рано одлучила да не прави компромис со квалитетот, со вистината, со тоа што и се лични вредности. Патот до успехот бил долг и макотрпен.


„Многу малку луѓе знаат дека јас работев во фабрика за преработка на печурки, во фрижидер на – 30 степени, работев како келнерка, честопати не добивав плата за тоа, работев во разни бутици за да стигнам до тоа што сум денес. Се случувало да метам во ГТЦ и сум си замислувала како сум на сцена и како го имам концертот во Филхармонија кој подоцна се случи.”

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Гостувањето на Катерина Бабкина една од најуспешните современи украински писателки

Артконект со задоволство го најавува гостувањето на Катерина Бабкина, една од најуспешните современи украински писателки, …