Во организација на Француски институт во Скопје, во петок на 3 ноември 2023 година во киното Милениум со почеток од 20:00 часот премиерно ќе се одржи проекцијата на француско-шпанскиот филм „Ѕверови“, на Родриго Сорогојен, којшто годинава ја однесе престижната награда Цезар за најдобар странски филм.
Критики во француските медиуми:
„Ѕверови“ е исклучително трогателен филм, којшто гледачите ги остава без здив. (20 minutes)
Моќно филмско остварување за стравот и омразата кон другиот, низ кое се истакнува талентот на Родриго Сорогојен. (Les Echos)
Ако треба да се одлучиме за највпечатливиот меѓу долгометражните филмови прикажани годинава на Канскиот фестивал, несомнено е овој филм… (L’OBS)
За да присуствувате на гала филмската вечер, треба да резервирате бесплатни билети на мејл адресата: culture@ifs.mk
Едно лице може да резервира најмногу 3 билети.