(ВИДЕО+ФОТО) Погледнете ги историските знаменитости во Турција и Сирија пред и по земјотресот

Тврдини, замоци, музеи, цркви, џамии и други историски и културни објекти и знаменитости беа уништени за време на земјотресот што вчера го погоди јужниот дел на Турција и северозападна Сирија и кој однесе над пет илјади човечки животи, според моментално достапните информации.


Замокот Газиантеп, историска локација што ја користеа Римјаните и туристичка атракција во југоисточна Турција, е тешко оштетен и урнат од земјотресот. „Некои од бастионите на замокот Газиантеп во централната област Шахинбеј се целосно уништени, а остатоците се расфрлани на патот“, објавила турската државна новинска агенција Анадолу.


Цитаделата во Алепо

This image has an empty alt attribute; its file name is citadela-vo-alep.jpg
Неколку сириски археолошки локалитети, меѓу кои и познатата, античка тврдина во градот Алепо, беа оштетени во земјотресот. „Се урнаа делови од отоманската воденица, додека делови од североисточните одбранбени ѕидови пукнаа и се урнаа“, се вели во соопштението на сириската Генерална дирекција за антиквитети и музеи. Тие додадоа дека паднале делови од куполата на минарето на џамијата Ајубид во цитаделата.


Нова џамија

This image has an empty alt attribute; its file name is nova-dzamija.jpg

Историската џамија Јени Чами во Малатја, која вообичаено се нарекува Нова џамија бидејќи беше обновена и пуштена во употреба минатата година, исто така делумно се урна во земјотресот. Таа не била новоизградена, била изградена помеѓу 1597 и 1663 година.

Латинска католичка црква во Искендерун

This image has an empty alt attribute; its file name is latinska-katolicka-crkva.jpg

Како последица на земјотресот беше урната и латинската католичка црква во Искендерун во Турција. Сејит Торун од Републиканската народна партија (ЦХП) во ТВ програма изјави дека многу јавни згради во Хатај, вклучувајќи ја и зградата на АФАД, се урнале.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот уметник Киро Урдин

Киро Урдин е роден во Струмица на 12 мај 1945 година. Дипломирал на правниот факултет …