(ФОТО) Аделина Тахири откри дека е бремена!

Откако венчавката мина во длабока тајност, пејачката Аделина Тахири реши радосната вест дека е бремена да ја објави на нејзиниот Инстаграм профил…

Пејачката Аделина Тахири и нејзиниот сопруг Серјожа Марков, познат адвокат од Скопје, ќе станат родители. Аделина е бремена 14. недели, а носи момче.


Happy Valentine’s Day ❤️❤️❤️

A post shared by AdelinaTahiri (@adelina_tahiri1) on


Аделина и Серјожа се венчаа кон крајот на минатата година, кога склучија граѓански брак. Тогаш, наместо во бела венчаница, Аделина беше облечена во впечатлив црвен комбинезон.


@detka.f ❤️👭👭❤️

A post shared by AdelinaTahiri (@adelina_tahiri1) on

 

Откако дознаа дека ќе станат родители, Аделина и Серјожа решија да ја откажат свадбата што беше закажана на почетокот на април. Наместо тоа да направат голема забава за бебето, вистински baby-shower.

It’s a BOY 🙂 👼🏼

A post shared by AdelinaTahiri (@adelina_tahiri1) on

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …