(ФОТО) Росана повторно ќе стане баба: „Среќни, пресреќни…! Ќерката на пејачката е бремена, а го откри и полот на бебето

Македонската пејачка Росана Сариќ – Тодоровска ќе стане баба во вторпат, а својата среќа ја сподели на Фејсбук со изјавата:„Среќни, пресреќни…Нашето внуче, нашиот Ноа ќе си добие братче, а ние уште еден внук…“


Имено, нејзината ќерка Ивана и нејзиниот сопруг, Англичанецот Џејмс Холт повторно ќе станат родители.



Росана на својот „Фејсбук“ објави фотографии од својата ќерка и зетот кои со пукање на балони го открија полот на бебето. Ивана и Џејмс повторно очекуваат момче.


Инаку, двојката во 2018 година добија синче за кое го одбраа името Ноа, а тој сега ќе си добие братче.


Потсетуваме, Ивана и Џејмс лани го кажаа судбоносното „да“ и влопија во брачните води, а сега повторно ќе имаат повод за радување.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …