Џеј Зи признал за изневерувањето на Бијонсе: „Најтешко е кога некого што го сакате ќе видите како страда“

Американскиот рапер Џеј Зи во интервју за „Њујорк тајмс“ признал дека ја изневерувал Бијонсе, но и дека бракот го спасиле благодарение на музиката но и терапиите.
„Мораш да преживееш. Преминуваш на фазата преживување, а кога преминуваш во таа фаза, што се случува? Ги исклучуваш сите емоции. Дури и со жените, ќе се исклучиш емоционално, па не можеш да се поврзеш. Во мојот случај, длабоко е. И поради тоа се случуваат сите нешта: неверство“, рекол Џеј Зи.
За неверството на раперот се шпекулираше и претходно, кога Бијонсе го издаде својот последен албум Lemonade, а во голем дел од песните публиката ги препозна приказните за неверството.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …