(ВИДЕО) СРЕДБА СО ГРАЃАНИ И БРАЧНА ПОНУДА; Јулија го запросила рускиот претседател и му дала број – одговорот на ПУТИН бил кус!

Рускиот претседател Владимир Путин ја искористил посетата на Иванов за да разговара со локалните жители, а во еден момент, од толпата се издвоила жена, која му изјавила љубов.
„Земи ме за жена“, му рекла таа.
Претседателот се насмевнал велејќи дека станува збор за „убав предлог“ и ја прашал за нејзиното име, на што таа одговорила „Јулија“.
Девојката потоа му пристапила на Путин и, како што подоцна раскажала, успеала да му даде фотографија на која бил запишан нејзиниот телефонски број.


„Му дадов фотографијата, а сега ќе видиме каков ќе биде одговорот“, рекла самоуверената девојка од Иванов.
го нарекувале град на невести, па затоа добил и понуда.
Јулија признала дека Путин и се допаѓа веќе некое време, но дека не може да каже какви се нејзините шанси за брак.
За време на посетата на Иванов, Путин посетил и детска болница, како и фабрика за производство на воени и цивилни падобрани.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …