Актерот и пејач Џаред Лето на својот Инстаграм профил објавил видео од „авантура“ што скоро го чинела живот…
Џаред, пејачот на групата „30 секунди до Марс“ и актерот кој освои Оскар, скоро ќе загинел качувајќи се по карпи.
„Не сакам да звучам премногу драматично, но ова е денот кога за малку ќе умрев. Јас сериозно се качував со еден пријател на Црвената карпа. Погледнав во висината и за неколку секунди каменот ми го исече безнедносното јаже, додека висев на висина од 182. метри. Се сеќавам дека гледав кон земјата, беше чуден момент, малку страв и малку меланхолија. Адреналинот пристигна подоцна кога се вратив на ѕидот.Сепак, беше навистина забавно, продолживме да се искачуваме цела ноќ“, напишал актерот.