НОБ со големо воодушевување објави дека досега е забележана рекорна продажба на билети за 51. ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ” 2023!
Доколку и Вие сакате да присуствувате на некоја од претставите на Мајските оперски вечери, кои се вратија во стариот сјај, дирекцијата на НОБ објави список на претстави за кои сеуѓте има билети…
„На наше огромно задоволство, ве информираме дека билетите за оперските претстави „Кармен“ (17.5.) и „Травијата” (21.5.) СЕ РАСПРОДАДЕНИ!
🎟️Останати се уште мал број на билети за:
🎵РЕКВИЕМ – Џузепе Верди (26.5.2023, 20.00 ч.)едно од најмоќните и најдраматичните дела во историјата на класичната музика!
🎵Грандиозната и величествена „АИДА“ од Џузепе Верди (31.5.2023, 20.00 ч.) која што традиционално ќе ги затвори 51. „Мајски оперски вечери“.
➡️Инфо за авторската и солистичката екипа на: www.operabalet.mk
🎟️Билети:
Билетарница: 078 426 536 и 02 3118 451
Онлајн: www.operabalet.mk“, истакнаа на страната на Мајските оперски вечери на Фејсбук.
Фото: Facebook