ТДМ со грст награди за „Роња, ќерката на ограбувачот” на фестивалот „Новосадски тетарски игри” во Нови Сад

Со особена чест и задоволство би сакале да Ви соопштиме дека претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов на фестивалот „Новосадски театарски игри” се закити со две награди. Жирито едногласно донесе одлука да и доделиГран при, зашто „претставата е исклучително повеќеслојна во сите нејзини сегменти. Во исто време архаична и модерна, и ги поседува сите потребни карактеристики за првокласна претстава”.

This image has an empty alt attribute; its file name is ronja.jpg
Наградата за најдобра анимација на кукли ја доби нашата актерка Матеа Јанковска која ја има улогата на Роња во истоимената претстава.
Приказната во „Роња, ќерката на ограбувачот“ зборува за мостовите во животот. Драматург е Горјан Милошевски, а во претставата, освен Јанковска, играат и: Ангела Димитрова, Никола Наковски, Катарина Илиевска – Силјановска, Петар Стојанов, Мики Анчевски.



Новосадски театарски игри од 8 до 15 мај 2023 година се одржаа во Нова Сад, Република Србија.
Би сакале да напоменеме дека претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ од денес 16.05.2023 до 18.05.2023 исто така учествува на фестивалот “25.Меѓународен куклен фестивал ЗЛАТНА ИСКРА” во Крагуевац, Р. Србија.

Н.У. Театар за деца и младинци


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …