(ФОТО) Водителка на ТВ емисија во Египет зборувала за вонбрачен секс па „добила“ три години затвор!

Телевизиската водителка, Доа Салах, во Египет е осудена на три години затвор, откако на телевизија во живо дискутирала за тоа како може да се забремени вон конвенционалниот брак.
Салах, која работи како водителка на телевизијата “Al Hahar TV”, ги прашала своите гледачи дали размислуваат за секс пред брак и сугерирала дека една жена би можела на кратко да биде во брак за да забремени и да роди, па да се разведе.
Ова не им се допаднало на строгите египетски власти па е обвинета за кршење на јавниот морал и пристојност, а рекле и дека идеите изнесени во нејзината програма “се закана за самото ткиво на египетскиот живот”. Имено, во конзервативниот Египет, сексот пред брак се смета за неприфатлив.


Освен за „брак само поради бременост”, Салах зборувала и за донирање на сперма, што е прифатен и проширен метод во западните држави, но не и во Египет.
По емисијата прво била суспендирана од работа на три месеци, а потоа било поднесено и обвинение. Таа има право да се жали на пресудата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …