„Мел Фест“, фестивалот кој своевремено беше единственото музичко талент шоу во Македонија, се враќа на голема врата

Се враќа „Мел Фест“, фестивалот кој своевремено беше единственото музичко талент шоу и надвор од неа

Елена Петреска, Андријана Јаневска, Симона Поповска, Наташа Малинкова, Елена Велевска, Игор Узунов, Маријан Стојановски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска се само дел од пејачите кои ќе настапат на гала вечерта во четврток на 22.11 во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во 20.30 часот, а гостинка на вечерта ќе биде и популарната српска пејачка Јелена Томашевиќ.
„Настапуваат дел од пејачите кои својата кариера ја започнале на овој фестивал, но и колеги кои за прв пат ќе настапат на „Мел Фест“, на овој начин давајќи поддршка за враќањето на целиот овој проект, кој зад себе има 20 години успех“, вели пејачката Елена Петреска, која од годинава е и уметнички директор на фестивалот, а пред многу години токму на него, заедно со Тоше Проески и многу други пејачи од таа генерација, ја започна својата кариера.


„После фестивалот, односно неговата гала вечер, ќе има и изложба на фотографии како ретроспектива на „Мел Фест“. Важно е да потенцирам дека се ова што ќе се случува во четврток е само најава и всушност почеток за „Мел Фест – талент шоу“ кои ќе стартува пред Нова година, низ 15. градови во Македонија, а во преговори сме со неколку национални телевизии каде би се емитувало тоа“, додава Елена.

Водител на гала вечерта ќе Лила Стојановска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …