(ФОТО) „Скршеното срце“ по трет пат ќе стане татко!

„Ноќеска повторно сум сам“, често знаел да се жали на пријателите, покрај шанк, особено после прекинување на некоја врска. Но, Борис Новковиќ никогаш не се откажувал од љубовта…
„Како лист сам, ветерот ме разнесува, волците умираат сами“ пеел Борис Новковиќ (50) како претставник на Хрватска на Евросонг во 2005. година. Но, волкот Борис нема да умре сам. Неодамна се вљубил во Ирис Волф (25) и двојката наскоро ќе добие дете…


„Тој најубав и најплеменит подарок на љубовта и двајцата навистина вистински го сакавме и благодарни сме што тоа и ни се оствари. Бременоста минува без проблеми, идната мајка блеска“, рекол Борис Новковиќ за хрватските медиуми.
Тоа ќе биде трето дете за Борис Новковиќ, кој веќе ги има синовите Ноа и Бона. Но, и голем број љубовни врски.


Во својата младост Борис имал многу принцези, а зад себе има три пропаднати бракови. оној со Бојана грегориќ Вејзовиќ,Луција Матиќ и Инес Катиќ.
„Ноќеска повторно сум сам“, често знаел да се жали на пријателите, покрај шанк, особено после прекинување на некоја врска. Но, Борис Новковиќ никогаш не се откажувал од љубовта.После секое прекинување тој пронаоѓал нова љубов, во него повторно би струела „струја“ и би се наполнил со енергија на љубов и би тргнал во нови освојувања.


Тажните ритмови „Кој сум без тебе“ наскоро би требало да го замени веселото потпевнување „Додека свири радиото што би правел“…
„Поенатата е дека засекогаш верувам во љубовта и никогаш не престанувам“ вели за себе овој пејач и освојувач на жени.

Повторно среќен
Борис и Ирис во врска се неколку месеци,а наскоро им пристигнува принова

Тлтко по трет пат
Борис Новковиќ има две деца од претходните бракови, а наскоро ќе добие и трето од врската со 25. години помладата манекенка Ирис Волф.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …